Македонија
Петров: Не се сомневам во никого, сум немал никакви закани

Градоначалникот на Велес, Горан Петров не се сомнева во никој и немал никакви директни и индиректни закани со кои што би можел да го поврзе демолирањето на неговиот автомобил, јавува велешкиот портал Лисица.
Градоначалникот на Велес, Горан Петров не се сомнева во никој и немал никакви директни и индиректни закани со кои што би можел да го поврзе демолирањето на неговиот автомобил, јавува велешкиот портал Лисица.
„Со години го паркирам автомобилот на тоа место, не можам да посочам никој, но сакам да порачам дека ова нема да ме поколеба во моите ставови, размислувања и начинот на кој работам. Оставам полицијата да си ја заврши својата работа“ рече Петров.
Автомобилот, марка „Сааб“ бил паркиран на улицата „Страшо Пинџур“ во непосредна близина на Про Кредит банка, во центарот на градот, во близина на станот на градоначалникот. Можно е вандалскиот чин да е снимен од безбедносните камери.
Според полицијата уништено е предното и задното ветробранско стакло, како и стаклото на предната лева врата. СВР- Велес работи на откривање на сторителот или сторителите и расветлување на случајот.
Демолирањето на автомобилот на градоначалникот Петров е два дена после големиот еколошки протест.Токму затоа можеби велешани овој чин го поврзуваат со борбата на Петров за здрава живoтна средина./крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани ќе се гради споменик во помен на загинатите во „Пулс“

Собеанието со амандман обезбеди 2 милиони денари (околу 32.000 евра) како првични средства за идејно решение и отпочнување на активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс”. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Ова барање, како што истакнува пратеникот, е координирано со родителите на настраданите и произлегува заедничката желба, макар само дел од болката да се преточи во достоинствено сеќавање, а трагедијата да не се заборави.
Споменикот според планот ќе биде поставен во централното градско подрачје, и ќе биде тивок сведок на болката, но и силна порака за солидарност, сеќавање и обврска да не дозволиме ваква трагедија никогаш повеќе, вели Лефков.
Упати благодарност до Владата што го прифатила амандманот, и до колегите пратеници што ја дале својата поддршка.
Македонија
„Не смее да ни се случи Пулс 2“ – градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за угостители

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, поднесе кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба.
Toj рече дека три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти кои работат надвор од законските прописи и стандарди.
„Не смееме да замижиме по несреќата во „Пулс“. Ова е најтешкиот период за Кочани и јас нема да дозволам да ни се случи „Пулс 2“, изјави Крстевски.
Градоначалникот јавно го праша Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), како е возможно да се толерира работа во дивоградби, дали има контроли и што тие значат. До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упати прашање како е возможно да се добие ХАСАП дозвола за угостителски објект кој служи храна, ако кујната е дивоградба или постојат броила во непосредна близина на фритезата, на што од АХВ реагираа дека тие се надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за ХАСАП ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа.
Македонија
Грмотевици и дожд попладнево во Скопје, се апелира да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

Невреме проследено со пороен дожд со грмежи го зафати попладнево Скопје.
УХМР претходно најави дека од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.