Македонија
Крадецот во куќата на Бошкоски имал и помагач

Двајца малолетници, а не еден, ја извршиле кражбата во куќата на лидерот за Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во август годинава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Двајца малолетници, а не еден, ја извршиле кражбата во куќата на лидерот за Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во август годинава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од откриените отпечатоци во куќата, е утврдено дека на веќе осомниченото 17-годишно момче во кражбата му помогнал и еден 16-годишник.
Двајцата ноќта меѓу 21 и 22 август влегле во куќата на Бошкоски, при што украле повеќе часовници, накит, пенкала и други предмети, како и неговиот автомобил Ланчија, што подоцна беше пронајден од полицијата.
По утврдувањето на идентитетот на малолетникот, извршен е претрес во неговиот дом, каде се пронајдени машки рачни часовници од кои еден со посвета кој му припаѓал на Бошкоски.
Полицијата изврши разговор со момчето во присуство на неговиот татко. Малолетникот од порано е познат на полицијата како извршител на повеќе кривични дела “тешки кражби“ ,“кражби“, “одземање на моторно возило“, “убиство“, и “разбојништво“. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.