Македонија
Унгарија заинтересирана за отворање конзулат во Битола
По два месеца престој во земјава, амбасадорот на Унгарија, Јонцеф Бенце, ја направи својата прва официјална посета на Битола, а на состанокот со градските власти е од двете страни е прифатена иницијативата за отворање на 12-то дипломатско претставништво во градот под Пелистер.
По два месеца престој во земјава, амбасадорот на Унгарија, Јонцеф Бенце, ја направи својата прва официјална посета на Битола, а на состанокот со градските власти е од двете страни е прифатена иницијативата за отворање на 12-то дипломатско претставништво во градот под Пелистер.Од состанокот покрај отварањето на конзулатот на Унгарија поради имиџот конзулска Битола произлегле и неколку иницијативи прифатени до двете страни, меѓу кои е и развој на директни врски со минатогодишниот град на културата во Европа – Печух, со цел размена на искуства на полето на културата и можеби здобивање на истата титула за Битола, кога Македонија ќе влезе во европското семејство.„ Сега кога сме овде и кога градоначалникот нé информираше за тоа колку овде во Битола се потрудивте за тоа инвеститорите да дојдат, да најдат свој интерес заеднички со вашиот, јас би сакал да ја дадам својата поддршка за овие контакти меѓу Битола и Унгарија и унгарските инвеститори да дојдат да се запознаат со можностите коишто ги има овде и да градиме соработка со двете страни“, рече д-р Бенце амбасадор на Унгарија во Република Македонија.Владимир Талески, градоначалник на Битола, притоа истакна дека искуствата ќе ги црпат, за по членството в ЕУ да го добиеме престижното признание Европски град на културата.„Во скора иднина ќе бидат направени тие средби, нели првично со Печух, и секако нивната иницијатива за отварање почесен конзулат во Битола, за што прво треба и да најдеме соодветна личност кој ќе биде почесен конзул, и секако како и за другите конзулати, да најдеме соодветна локација“, рече битолскиот градоначалник.Како што информираше, во контекст на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји, унгарскиот амбасадор веќе разговарал со првите луѓе на Стопанската комора на Македонија, по што ќе следат работни средби со унгарски стопанственици како потенцијални инвеститори во зоната „Жабени“./крај/твт/ом/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената
„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.
„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.
Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.
„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.
Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.
„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.
Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.
„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.
Поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:
„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

