Македонија
Бесими најави промоција на подготвеноста на Македонија за членство во НАТО
Македонија ќе работи на промоцијата на подготвеноста за членство во НАТО пред самитот на алијансата во Чикаго, а ќе продолжи и со своето учество во меѓународните мировни мисии, најави министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Македонија ќе работи на промоцијата на подготвеноста за членство во НАТО пред самитот на алијансата во Чикаго, а ќе продолжи и со своето учество во меѓународните мировни мисии, најави министерот за одбрана Фатмир Бесими. По денешната средба со акредитираните воени аташеа во Македонија, Бесими реферираше за досегашните активности откако е на чело на Министерството, како и за идните планови во одбраната и безбедноста. Најави посета на земјите-членки на НАТО како САД, Велика Британија, Германија, Франција и Данска и промоција на подготвеноста на Македонија за членство во НАТО пред самитот на алијансата во Чикаго во мај 2012 година, како и продолжување на членството во мисиите ИСАФ во Авганистан, АЛТЕА во БиХ, КФОР во Косово и УНИФИЛ во Либан.„Ние, во областа на одбраната, посветено продолжуваме на остварување на целите на безбедносната и одбранбената политика на Република Македонија: интеграција во евро-атланските структури, придонес во регионалниот и глобалниот мир и добрососедските односи со сите земји во регионот. Во тој поглед дејствуваме на сите нивоа, односно на меѓународно ниво, на државно ниво и на ниво на Армијата на Република Македонија“, рече Бесими. Одбрана во 2012 година влегува со буџет на ниво од 1,3% од Бруто-домашниот производ, што е зголемување за 9 отсто во однос на оваа година. Бесими пред воените аташеа реферираше и за одржаните воени вежби Сибриз 11, Предизвик, Здружени напори и Македонски блесок, кадровското екипирање во одбраната, како и техничкото модернизирање. Најави продолжување со унапредувањето на правичната застапеност на сите етнички заедници, паметна одбрана преку рационализација на трошоците, како и промоција на АРМ преку активности за одбележување на 20 годишнината од нејзиното формирање и воведување на систем на ордени и одликувања за нејзините припадници. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

