Македонија
Вигенин: Спорот со името се користи како оправдување
Прашањето со името меѓу Македонија и Грција треба да се реши со отвореност од двете страни, вели бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин во интервју за агенцијата „Фокус“.
Прашањето со името меѓу Македонија и Грција треба да се реши со отвореност од двете страни, вели бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин во интервју за агенцијата „Фокус“.
Според негов впечаток, спорот со името се користи како оправдување во ситуација кога земјата не работи доволно во решавањето на прашањата поврзани со интеграција во ЕУ.
„Македонија има сериозен проблем – спорот со името со Грција. Дополнително, Македонија не работи доволно напорно на другите прашања. Имам впечаток дека прашањето за името се користи како оправдување и Македонија вели дека без разлика на своите потези, Грција ќе продолжи да го блокира стартот на пристапните преговори. Ние не веруваме дека ова е правилната политика и мислиме дека вината не треба целосно да се префрла на Грција. Спорот со името треба да се разреши со отвореност на двете страни. После сè, Европската Комисија повторно му препорача на Европскиот Совет да ги отвори пристапните преговори, но Грција најверојатно ќе ги блокира поради нерешеното прашање за името“, вели бугарскиот европратеник Вигенин за „Фокус“. /крај/фокус/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

