Македонија
Србија украла туристички спот на Македонија?
Спотот „Храна за душа“ кој што ја промовира Србија и кој за три дена на Јутјуб го виделе повеќе од 30.000 луѓе и е вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот спот, снимен минатата година
Спотот „Храна за душа“ кој што ја промовира Србија и кој за три дена на Јутјуб го виделе повеќе од 30.000 луѓе и е вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот спот, снимен минатата година, јавува српскиот дневен весник „Курир“.
Врз основа на неколку скоро идентични сцени може да се заклучи дека авторите на спотот кои Туристичката организација на Србија ги исплати со околу три милиони динари е копија на македонскиот од септември 2010 година. Нашиот јужен сосед тогаш покрена маркетинг кампања под називот „Македонија вечна“ со кои се претставува убавината на државата со неколку кратки спотови, пишува весникот.
„Во вашата снимка постојат елементи на плагијат. Не можам да кажам дека целиот спот е украден, но навистина има делови кои се многу слични. Можно е авторите да го виделе нашиот спот на интернет и да искористиле некои делови. Немам проблем со тоа, бидејќи сите го прават тоа. Повеќе се лутам што нам ни го украдовте ајварот“ вели за „Курир“, Блаже Дујев, сопственик на продукциската куќа „Казар“, која го работеше македонското видео.
Еден од авторите на спотот „Храна за душа“, Срѓан Станковиќ од компанијата „Супернатурал“ вели дека не станува збор за плагијат и дека одредени совпаѓања се приметуваат бидејќи Македонија и Србија се слични.
„Единствено совпаѓање е во тоа што во двата спота луѓето јадат специјалитети од домашните кујни. Да е видеото за Тајланд, на никого не би му паднало на памет да го споредува со Србија. Погледнете го сценариото и режијата на спотот и ќе видите дека не е плагијат. Спотовите се слични како „фијат“ и „голф“ вели Станковиќ.
Спотот „Храна за душа“ претставува дел од кампањата на Туристичката организација на Србија за идната година.
Дијана Вуковиќ од Туристичката организација на Србија наведува дека не го гледала спорниот македонски спот, но и покрај тоа вели е сигурна дека не е плагијат.
„Идејата нам ни беше да ги промовираме богатствата и убавините на Србија, а не да копираме некого. Шест месеци макотрпно работевме на правење и емитување на овој материјал и буквално сите се одушевени од ова“ рече Вуковиќ./крај/курир/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



