Македонија
И во Црна Гора само со лична карта
Освен во Србија и Албанија, македонските граѓани наскоро ќе имаат можност да одат во Црна Гора само со лични карти, соопштува МВР.
Освен во Србија и Албанија, македонските граѓани наскоро ќе имаат можност да одат во Црна Гора само со лични карти, соопштува МВР.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ова го договорила на билатералната средба со нејзиниот црногорски колега, Иван Брајовиќ на маргините од конференцијата на министрите за внатрешни работи на земјите од “Салцбургшки Форум“ што се одржува во Софија.
Се очекува наскоро да биде потпишан билатерален договор за минување на границите со Црна Гора само со лична карта.
Јанкулоска исто така им предложила на колегите од Бугарија и Црна Гора, македонски полицајци да бидат присутни во туристичките центри во овие земји и обратно.
„Првично е договорено македонските полициски службеници да извршуваат задачи во Банско во зимскиот период и на приморјето во текот на летото, додека странските полициски службеници би биле присутни во нашите туристички центри Охрид, Маврово, Попова Шапка, но и на други места доколку се јави потреба. Иста ваква иницијатива веќе е доставена и до полициите на Р. Турција и Р.Србија, а ќе биде доставена и до министерството за внатрешни работи на соседна Грција“.
Наши полицајци ќе учествуваат во обезбедувањето на Европското првенство во ракомет што треба да се одржи во Србија, односно во Ниш каде што ќе се натпреварува македонската ракометна репрезентација.
„Оваа иницијатива на Јанкулоска наиде на прифаќање од страна на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ“ додаваат од МВР./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.
Македонија
Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
Македонија
Студено утро со измерени -5 степени во Берово
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
УХМР најави дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

