Македонија
Близ: Македонија треба да е во НАТО, потребно е решение за името
Македонија може и мора да биде членка на НАТО алијансата, но потребно е решение на спорот со името со Грција, рече Дениз Близ од Академијата за одбрана на Обединетото Кралство и Поранешниот командант на НАТО во Скопје.
Македонија може и мора да биде членка на НАТО алијансата, но потребно е решение на спорот со името со Грција, рече Дениз Близ од Академијата за одбрана на Обединетото Кралство и Поранешниот командант на НАТО во Скопје, во рамки на конференцијата „Регионални безбедносни динамики во западен Балкан“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Аналитика Тинк Тенк.“Македонија работеше напорно за да стигне таму каде што е сега. Земјата има големи шанси да стане дел од Алијансата, но сепак потребно е да го реши билатералното прашање со Грција“, изјави Близ.Според Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана, членството во НАТО е приоритет на сите земји од регионот. На тој начин, според него, земјите ќе ги фокусираат капацитетите во насока на регионална и мултилатерална соработка. „Нашите аспирации за членство во Европската Унија и НАТО мораме да ги држиме актуелни. Овој вид на конференции помагаат во тоа да ги кажеме нашите аспирации за нашата подготвеност да членуваме во овие организации, но исто така и да го реафирмираме нашиот став дека Република Македонија ги има постигнато сите стандарди на членство во овие институции и дека едноставно чекаме на поканите од нивна страна“, рече Димитриев. На конференцијата, на која се разговара за безбедносните случувања на западниот Балкан, учествуваат и преставници на граѓанскиот сектор, експерти и академици од Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и експерти кои се тесно поврзани со работата на НАТО и ЕУ по безбедносни прашања. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



