Македонија
СДСМ предложи Закон за стечајци и измени на Законот за социјална заштита
СДСМ бара сите невработени поради приватизацијата на претпријатијата со општествена сопственост да примаат надомест во висина од 30 отсто од просечната плата, а мерката да се однесува за лицата со 15 години стаж и старост 50 години за жени и 53 години за мажи.
СДСМ бара сите невработени поради приватизацијата на претпријатијата со општествена сопственост да примаат надомест во висина од 30 отсто од просечната плата, а мерката да се однесува за лицата со 15 години стаж и старост 50 години за жени и 53 години за мажи.Ова е дел од Законот за стечајни работници што денеска пратеничката група на СДСМ го предложи во собранието.Со вториот предлог за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита од СДСМ бараат сите трошоци што се однесуваат на поднесувањето на документи за социјална помош да паѓаат на товар на државата.„Постојат две симболики зошто денеска СДСМ реши да ги поднесеме овие два закона: Прво, денес се слави 20 години од донесувањето од првиот Устав на Република Македонија, а во Уставот јасно стои дека Македонија е социјална држава која обезбедува социјална правда и сигурност на своите граѓани. Второ, затоа што Собранието расправа за ново задолжување на Македонија од 130 милиони евра и сметаме дека дел од овие парични средства мора и треба да се наменат за решавање на проблемите на оваа категорија граѓани. И во двата закони се работи за социјално најранливите категории на граѓани, кои живеат на работ на сиромаштијата, граѓани кои немаат основни средства за егзистенција“, рече Марјанчо Николов од СДСМ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



