Македонија
Манифестот на Македониумот го потпишале 140 000 граѓани
Поддршка на Манифестот на Македониумот до вчера со свои потписи дале над 140 000 граѓани од сите националности, возрасни категории и од различни градови, како и 294 граѓански организации од целиот спектар на општеството
Поддршка на Манифестот на Македониумот до вчера со свои потписи дале над 140 000 граѓани од сите националности, возрасни категории и од различни градови, како и 294 граѓански организации од целиот спектар на општествотоИстовремено поддршка на Манифестот преку социјалната мрежа Фејсбук, на групата Манифест на Македониумот, заклучно со вчерашниот ден дале над 10 000 граѓани. Теренската акција за поддршка на Манифестот завршува вечерва во 19 часот, а можноста за поддршка преку Фејсбук продолжува и ќе биде отворена заклучно со недела 20 ноември 2011 година. Организациониот одбор на Манифестот на Македониумот упати официјално барање за средба со претставници на Делегацијата на Европската Комисија во Република Македонија. „Средбата е во функција на создавање адекватна можност за претставување на нашите ставови пред претставниците на европските институции, и на која конструктивно и во духот на заедништвото би можеле да продискутираме за причините, мотивот и целите на нашата активност, да ги пренесеме ставовите кои владеат во македонското национално ткиво по наведените прашања опфатени со Манифестот, како и да ги претставиме нашите следни чекори кои планираме да ги спроведеме во насока на превенирање на понатамошни активности со кои би се загрозил нашиот национален македонски идентитет“, велат од Одборот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



