Македонија
Владaта ќе подготвува закон за медиуми, ветиле различен од унгарскиот
Владата ќе усвои Закон за медиуми, за кој ќе почне широк консултативен процес од декември, информираат од Интернационалната партнерска група за Слободата на изразувањето, чии преставници во последните два дена престојуваат во Македонија.
Владата ќе усвои Закон за медиуми, за кој ќе почне широк консултативен процес од декември, информираат од Интернационалната партнерска група за Слободата на изразувањето, чии преставници во последните два дена престојуваат во Македонија.
Ветувањето од владините преставници било дека законот ќе биде различен од унгарскиот, кој беше критикуван од европските институции, но и дека за неговото донесување ќе бидат направени широки консултации.
„Една од работите што ни беше кажана е дека во овој консултативен процес и предложувањето на новиот Закон за медиуми нема да го повторат процесот или типот на законот што беше усвоен во Унгарија, кој доби големи критики“, изјави Паула Шрифер од Фридом Хаус.
„Само што дојдовме од средба со премиерот. Ни даде јасно ветување во однос на новиот Закон за медиуми, што го сметаме за охрабрувачки. Се надеваме дека македонската влада ќе го направи тоа. Ветувањата беа во однос на јавни консултации и посветеност со граѓанското општество и медиумските организации за развој на тој закон, почнувајќи од декември“, рече Сеџал Пармар од организацијата Article 19.
Претставниците на партнерската група за време на средбите со владини преставници, невладини организации и медиумски здруженија во последните два дена изразиле загриженост за бројот на судски процеси против новинари, за кои сметаат дека се диспропорционално многу во однос на големината на земјата.
На средбите е покренато и прашањето на проширувањето на составот на Советот за радиодифузија и начинот на кое тоа беше направено. Но, велат, треба да се почека и да се види како ќе функционира новиот состав.
Било разговарано и за вклученоста на владата и големата сума пари што ги одвојува за рекламирање. Препорачуваат владата да размисли за други начини за пласирање на своите кампањи.
Исто така, било разговарано и за впечатокот што постоел во земјата за селективна примена на законите во однос на медиумите.
Станало збор и за можноста за декриминализација на клеветата.
„Тие рекоа дека ќе ја разгледуваат можноста за декриминализација на клеветата и дали е во согласност со европскиот правен систем. Исто така, размислуваат за ограничување на казните за граѓанските постапки за клевета. Сеуште ја немаат донесено конечната одлука, но ја разгледуваат“, рече Мајкл Харис од Index on censorship.
Целосниот извештај за посетата на партнерската група ќе биде објавен в понеделник. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

