Македонија
Љубе: “Останувам на мојата вмровска идеологија”
Ги отфрлам сите обвинение, а повеќе од очигледно е дека ова е многу лошо сценарио и уште полоша режија, а јас сум во оваа драма жртва. Од моето херојско враќање од Хаг постојано се води кампања за моја политичка ликвидација,
Љубе Бошкоски откако ги ислуша адвокатите за прв пат стана пред судот и прозборе во случајот “Кампања”. Емотивно , пропратено со аплауз и поддрша од присутните Бошкоски кажа: “Јас сум убеден дека ова е политички монтиран процес на една политичка кампања. Овој предмет влезе во судница како политички процес, но јас верувам дека судот ќе донесе правична и правна одлука. Ги отфрлам сите обвинение, а повеќе од очигледно е дека ова е многу лошо сценарио и уште полоша режија, а јас сум во оваа драма жртва. Од моето херојско враќање од Хаг постојано се води кампања за моја политичка ликвидација, која заврши со брутално апсење пред камери. Останувам на мојата вмровска идеологија и со мојот народ, останувам брат Љубе и ветувам дека сепак ќе се вратам”. Со завршни зборови денеска се затвори судската постапка против лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. Остана да се изрече пресудата која судскиот совет ќе ја соопшти на 29 ноември. Нему му се судеше за земање пари од странец за финасирање на изборната кампања на последните парламентарни избори што со Изборниот закон е забрането. Пред да зборува Бошкоски обвинителот анализирајки ги доказите, констатира дека Љубе треба да биде осуден и соодветно казнет. Тој се повика на исказот на загрозениот сведок кој кажал дека му дал пари на Бошкоски за изборите и тоа три пати. Токму сведочењето, пак, на овој сведок адвокатите го искористија како главен аргумент за да го оспорат обвинението. Тие тврдат дека загрозениот сведок всушност требало да биде обвинет за соизвршителство. Бранителите тврдат дека загрозениот сведок бил агент-провокатор, а не сведок, бидејки на Љубе му давал пари кои се со последователни сериски броеви банкноти, кои може да ги има само во централна банка. Одбраната го оспори сведокот со податок дека парите за кои тој тврди дека се негови, всушност се на полицијата, бидејки еден од инспекторите кој работел на случајот напишал службена белешка во која вели дека се давани претходно обработени пари . Еден од адвокатите се обрати кон судот и кажа:”Бидејќи судскиот совет е составен само од жени, верувам во вашата женска интуиција поради која ќе донесете правична пресуда“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



