Македонија
Град Скопје: Престојот на отворено да се сведе на минимум
Граѓаните на минимум да го сведат престојот на отворено, а хронично болните да се придржуваат до препораките на лекарите.
Граѓаните на минимум да го сведат престојот на отворено, а хронично болните да се придржуваат до препораките на лекарите.
Ова е препораката што денеска ја објави Градот Скопје, по информациите за нарушување на квалитетот на воздухот во главниот град.
Како што се соопштува, надминати се граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот и стабилната временска состојба со магла, карактеристична за скопската котлина во зимски услови, којашто не дозволува дистрибуција на загадувачките материи.
Покачувањето на концентрациите на РМ10 во урбаните средини, како што велат од Градот Скопје, е карактеристично за зимскиот период, како резултат на процесите за затоплување на домовите и сообраќајот, но се должи и на минималното струење на ветерот, маглите и температурните инверзии, заради што загадувачките материи не се дисперзираат и остануваат на местото на создавање.
Од градот велат дека во рамките на своите надлежности преземаат перманентни мерки во насока на заштита на амбиентниот воздух. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

