Македонија
СДСМ го конституираше партискиот Совет за култура
Советот е замислен како место за дебата. Тука ќе се дебатира за сите состојби во културата. Сега кога ќе почнат да излегуваат нашите проблеми, ние како совет ќе се обидеме да дадеме стратешки насоки, рече Роберт Алаѓозовски претседател на Советот за култура на СДСМ кој беше конституиран во саботата.
Советот е замислен како место за дебата. Тука ќе се дебатира за сите состојби во културата. Сега кога ќе почнат да излегуваат нашите проблеми, ние како совет ќе се обидеме да дадеме стратешки насоки, рече Роберт Алаѓозовски претседател на Советот за култура на СДСМ кој беше конституиран во саботата.Алаѓозовски додаде дека на 15-ти јануари ќе бидат објавени резултатите од националната програма за култура,кои проекти поминале, посочувајќи дека од тие резултати ќе има големо незадоволство „Советот тогаш ќе одржи седница и ќе каже што треба да се менува во системот за култура во Македонија. Тоа може да го примени Владата, но се разбира доколку има чесни намери. Како и да е, ние ќе донесеме, се надевам џентлменски обврзувачки ставови коишто ќе бидат добри решенија што се разбира, опозициската партија кога ќе биде во состојба ќе ги спроведе, а се надевам и дека ќе бидат добра понуда за граѓаните, со тоа да ја освои власта“, рече Алаѓозовски нагласувајќи дека „без разлика како медиумската машинерија или спинови“ ќе го карактеризирале Советот за култура на опозициската СДСМ, станува збор за отворено тело во коешто членуваат експертски непартиски членови со сиот нивен бекграунд и интегритет и се разбира партиски членови. Денеска беше конституираме Советот за култура на СДСМ, во чиј состав членуваат околу триесетина интелектуалци, уметници, експерти и менаџери во културата. „Ова е своевиден друм тим којшто ќе ги делегитимира лошите и аматерски потези на власта во сферата на културата. Советот за култура ќе создаде стратегија за долгорочен развој на културата во Македонија. Ќе даде насоки како да се направи динамичен, креативен, компетитивен, слободоумен културен систем што ќе создава врвни уметнички дела и трајни културни вредности. Култура во дослух со современите европски и светски трендови“, рече Алаѓозовски. Тој објасни дека основна заложба на Советот ќе биде „да ја ослободи културата од стегите на автократската власт“. „Денес културата во Македонија служи за спроведување на налудничави идентитетски проекти, за перење пари и за градење на фалшлива, Потемкинова слика за македонската реалност. Во Македонија царува политичка автократија и квазикултурен кич. Барокниот кич на балканските мафијаши и тајкуни стана приоритетна владина естетика. Парите се трошат за нови идеолошки и шизофрени музеи, а автентичното културно наследство се распаѓа по градовите“, додаде првиот човек на Советот за култура на социјалдемократите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

