Контакт

Македонија

Хрватскиот пасош го остави Љубе во притвор

Објавено пред

“Во името на граѓаните судскиот совет го осудува Љубе Бошкоски на седум години затвор” , е пресудата која денеска беше соопштена во Основниот суд 1 во Скопје.

dobivaj vesti na viber

“Во името на граѓаните судскиот совет го осудува Љубе Бошкоски на седум години затвор” , е пресудата која денеска беше соопштена во Основниот суд 1 во Скопје. Бошкоски е осуден за злоупотреба на службената должност како лидер на партијата Обединети за Македонија и организатор на учеството на последните парламентарни избори, за кои кампањата била нелегално финансирана. Адвокатите на Бошкоски побараа тој да се брани од слобода, но судскиот совет не го прифати барањето бидејќи Бошкоски има хрватски пасош, па постои опасност да побегне. Соопштувањето на пресудата беше пропратена со жестока реакција на сестрата на Љубе и неколку негови блиски. Во судницата беше и сопругата Виолета и синот. Таа не дочека да биде дочитана пресудата кога се обрати кон судот со напади и навреди дека судиката само читала пресуда од друг напишана. Потоа во судницата настана мачна атмосфера, кога сестрите на Љубе спискаа и почнаа да ги колнат судиите. Мораше да интервенира судската полиција, која едвај ги изнесе од судница расплаканите сестри. Од пискотниците се вознемирија и вработените во судот, кои за момент ја прекинаа работата и излегоа од канцелариите да видат што се случува. Во ходникот пред судницата сестрата на Љубе се онесвести. Откако роднините и приврзаниците на Бошкоски беа отстранети од судницата судиите кои во меѓувреме излегоа се вратија и одлучија за притворот. Судечкиот судија само кратко прокоментира : “Не знам зошто ваква реакција кога пресудата не е конечна и имаат право на жалба”. Двајца од адвокатите на Бошкоски беа во судницата, двајца не се појавија, ги пуштија своите приправници. Владимир Ракочевиќ и Константин Кратовалиев по излегувањето од судницата кажаа дека Бошкоски за нив е невин сè додека не добие правосилна пресуда. “Заврши епопејата на Бошкоски”, изјави Ракочевиќ. “Убедена сум дека пресудата ќе ја потврди Апелациониот суд, бидејќи и таму нема правда. Правдата ќе ја бараме во странство, во Стразбур”, изјави сопругата на Бошкоски, Виолета. Судскиот процес траеше неколку месеци, обвинителството преку посебните истражни мерки , следење и снимање како и со заштитениот сведок, докажуваше дека Бошкоски нелегално ја финансирал кампањата на партијата, додека неговата одбрана тврдеше дека во случајот Бошкоски, нема случај. Бошкоски молчеше до последното рочиште кога кажа дека за него ова е монтиран политички процес и им порача на своите дека “брат Љубе ќе се врати”.  крај.км



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Министерот – глумец контра правата на културните работници, велат од Левицата

Објавено пред

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, реагираат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат.

За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10 проценти, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го суспендираше..

За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид декана културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги“.

Ароганцијата, додават од оваа партија, оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа, како што велат, на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. „

Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.

Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување“.

Левица го повикува министерот, како што истакнуваат, да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре прекинато водоснабдување во делови од Центар и Чаир

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (Среда) имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:

dobivaj vesti na viber

· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)

· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Чаир)

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Објавено пред

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ, потенцираме дека Министерството за здравство нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност, истакнуваат од таму.

dobivaj vesti na viber

„Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како што е Закон за научно истражувачка дејност, Правилник за клинички испитување, Упатство за начинот на постапување при трансфер и транспорт на биолошки материјали, како и начинот на пакување и обележување биолошки материјали.

Дополнително потенцираме дека во посочениот временски период законската обврска за чување на оваа документација била 15 години, а од 2018 наваму законската обврска за чување на документацијата е 25 години.

Постапката за транспорт на ткива во тој временски период се состоела од: Информирана согласност на семејството, по што следувала одлука од Етичка комисија за истражување кај луѓе, за постапката да продолжи со дозвола за извоз на ткива од тогашно Биро за лекови, во кое прецизно се наведува дека ткивото е за научноистражувачка дејност и за кои цели се користи материјалот.

Дополнително појаснуваме дека кога се работи за извоз на биолошки материјал, пред да отпочне самата постапка, потребно е меѓу научните институции во земјава и странство, кои бараат одобрени за извоз на биолошки материјал, да постои склучен формален договор (меморандум), каде се наведени и прецизирани детални протоколи согласно денешната регулатива и нормативна рамка – строго определени услови каде се прецизно се третира секое постапување со биолошкиот материјал, како и зошто се спроведува истражувањето, децидно да биде наведено постапувањето со биолошкиот материјал, како што се земањето, транспортот, примањето од установата и натамошното постапување“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 час

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија2 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија4 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион5 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија5 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија5 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија6 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет8 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа9 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет10 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа10 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет10 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет10 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија11 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија24 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...