Македонија
Ванчо Узунов на чело на новоформираниот Економско – социјален совет на СДСМ
СДСМ преку Економско-социјален совет ќе нуди решенија за подобар живот на граѓаните.
СДСМ преку Економско-социјален совет ќе нуди решенија за подобар живот на граѓаните.
На денешната седница на Централниот одбор, на кој е донесена одлука за конституирање на советот, за нејзин претседател е избран универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Економско-социјалната состојба во земјата е во фокусот на седницата на Централниот одбор. Оценето е дека владините политики и после 5 години не даваат резултат, а се констатира дека социјалните разлики во општеството се продлабочуваат и изостануваат решенија за невработеноста и сиромаштијата.
„Дополнително, политиките на Владата создаваат сериозни ризици за иднината и се причина за голема загриженост на граѓаните. Тие не добиваат одговор од Владата за тоа колку е навистина голема дупката во буџетот, зошто нема поврзаност помеѓу бенефициите што Владата ги дава од буџетот и конкретни резултати, за која намена државата со силно темпо се задолжува во странство? Патем, Владата призна дека се задолжува во странство за да исплатат плати и пензии. Сето ова е неодржливо и носи сериозен ризик од опасни последици за иднината на земјата“, изјави Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

