Македонија
„Комити“ нападнале редари и оштетиле автомобил во Кратово

Двајца припадници на навивачката група „Комити“ на 30, односно 17-годишна возраст вчера физички нападнале редари ангажирани на фудбалскиот натпревар меѓу „Силекс“ и „Вардар“ во Кратово, информираат од МВР.
Двајца припадници на навивачката група „Комити“ на 30, односно 17-годишна возраст вчера физички нападнале редари ангажирани на фудбалскиот натпревар меѓу „Силекс“ и „Вардар“ во Кратово, информираат од МВР.
Инцидентите продолжиле и по завршувањето на натпреварот, кога е оштетено едно патничко возило паркирано во близина на стадионот.
Против напаѓачите на редарите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додека идентитетот на лицата што го оштетиле автомобилот се утврдува, информираат од полицијата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11 милони евра, во споредба со истиот период во 2024 година, велат од СДСМ.
„Е ова се резултатите од работењето на „Дрим тимот“ во енергетиката на Мицковски и Божиновска.
Ова е реалноста, а не нивните манипулации, и лажни вести пред своите членови на партиските трибини, за да си ги оправдаат неспособните кадри кои ги поставија.
Ова е директна последица од лошото планирање и менаџирање на најголемата енергетска компанија, која замислете првпат во историјата во првиот квартал потфрли во својот план за производство за цели 35%, во бројки видовме дека загубата е цели 45 милиони евра.
Поразително за ВМРО-ДПМНЕ и нивните „успеси“ во ЕСМ, е дека повеќе од 3 месеци немаат назначено директор за правни работи во компанијата. дополнително претседателот на надзорниот одбор си поднесе оставка, комплетно потфрлање во оваа најголема енергетска компанија.
Доказ се овие 45 милиони евра загуба, и дополнителните 110 милиони евра кредити кои токму ова раководство ги зема за нецела година.
Единствен успех им се лажните видеа и интервјуа на министерката Божиновска и ЕСМ, каде самите се фалат дека многу биле добри, а резултатите ги враќаат во суровата реалност која самите ја создадоа.
Замислете на своите статуси на социјалните мрежи пишуваат изјави од типот, “Македонија со јасна енергетска визија” а најголем успех на Сања Божиновска се нејзините видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, и наместо да ги засука ракавите и да работи во интерес на граѓани во енергетиката, таа си мисли продуцент ќе станува, можеби ќе добие награда на некој филмски фестивал.
Очигледно од досега сработеното е следното, Визијата е да се пропадне ЕСМ најмногу што може. Доказ е поставувањето на директор без ниту ден искуство во енергетскиот сектор, а се што може во државата да им се даде да се гради на приватни странски инвеститори и уште самите да се фалат со ова. Ваква пародија досега не е видена во нашата држава.
Им порачуваме на актерите кои глумат директори во ЕСМ, дека народот не го интересираат вашите смешни соопштенија, изговори и фалби колку сте биле добри, туку резултатите кои никогаш нема да ги остварите бидејќи сте неспособни“, пишува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата. Од нив 4 се активни, 4 се под контрола, а 27 изгаснати.
Како што известија од ЦУК, активни се пожарите во:
Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Липково – с. Виштица (деградирана шума)
Под контрола се пожарите во:
Велес – с. Џидимирци – с. Крушје – с. Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Демир Хисар – градска депонија (депонија)
Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати пожари се евидентирани низ Ранковце, Куманово, Липково, Кратово, Тетово, Свети Николе, Битола, Штип, Делчево, Скопје (Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден), Росоман и други општини.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.