Македонија
Димас: Не постојат искривени начини за решение на името
Не постојат искривени начини за решение на спорот со името освен преку преговори под покровителство на Обединетите Нации, вели шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас во писмена изјава лиферувана од грчкото Министерство за надворешни работи.
Не постојат искривени начини за решение на спорот со името освен преку преговори под покровителство на Обединетите Нации, вели шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас во писмена изјава лиферувана од грчкото Министерство за надворешни работи.Вели дека со својата пресуда, Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара и од Скопје и од Атина да преговараат во добра волја и бара од македонските власти да го сторат тоа.„Прашањето за името нема да биде решено со искривени начини. Меѓународниот суд на правдата во Хаг го потврди ова, повикувајќи ги двете страни да преговараат во добра волја. Ова е прашање на политичка волја и јас повторувам дека Грција ја има оваа волја. Се надевам дека владата на поранешната југословенска Република Македонија ќе ја покаже истата волја“, вели Димас.„Заедничката позиција на НАТО е многу важна, поради тоа што ја реафирмира едногласната одлука донесена од алијансата во Букурешт, Стразбур и Лисабон. Вратите на НАТО остануваат отворени, како и на Европската Унија, која донесе слична одлука во понеделникот. Вратите остануваат отворени. Сè што преостанува е земјите кандидати да ги исполнат предусловите поставени од двете организации“, објаснува Димас во својата писмена изјава.Шефот на грчката дипломатија вели дека неговата земја останува посветена на европската интеграција на регионот. За таа цел, најавува Димас, Грција ќе превземе неколку инцијативи во следниот период. /крај/mfa.gr/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

