Македонија
Вигенин бара Грција да дозволи старт на пристапните преговори со Македонија
Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин преку писмо до шефот на дипломатијата Ставрос Димас ја повика Грција да направи, како што вели, гест на добра волја, и да се согласи Македонија да започне преговори за членство со Европската Унија по две од вкупно 35 поглавја.
Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин преку писмо до шефот на дипломатијата Ставрос Димас ја повика Грција да направи, како што вели, гест на добра волја, и да се согласи Македонија да започне преговори за членство со Европската Унија по две од вкупно 35 поглавја: “Судство и основни права“ и “Правда, слобода и безбедност“.
“Мислам дека на крајот граѓаните на Македонија се оние кои ги чуствуваат негативните последици од блокирањето на преговорите за членство. Се плашам дека тоа може да го промени односот на луѓето кон европската иднина на нивната земја и ЕУ во целина, и да ја залади нивната желба за реформи. Покрај тоа, тековната безизлезна ситуација во спорот со името во иднина би можела да има последици и за регионалната стабилност и безбедност “, изјави Вигенин, информираат од неговиот кабинет.
Според Вигенин, компромис од страна на Грција токму во овој момент би ја зајакнало довербата во политиката на проширување на ЕУ и би дал позитивен сигнал кон сите земји од регионот. Таквиот чекор, смета бугарскиот европратеник, би ја покажал зрелоста и способноста на една земја-членка на ЕУ да дава пример за однесување.
“Верувам дека почетокот на преговарачкиот процес за овие две поглавја ќе обезбеди подобри можности за решавање на многу од спорните прашања во односите на Македонија со соседните земји, вклучувајќи ја Грција“, рече Вигенин.
Предлогот на Вигенин е во контекст и на иницијативата на Европската Комисија, која во октомври предложи најтешките поглавја (23 и 24) да бидат отворани на почетокот од преговарачкиот процес, со цел да се даде доволно време на земјите да покажат убедлив напредок, а направените реформи да дадат видливи резултати. /крај/vigenin.eu/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

