Македонија
Хауит: Кредибилитетот на проширувањето во ризик поради Македонија

Европската Унија не може да продолжи да ја отфрла перспективата за отворање на пристапните преговори со Македонија без самата да го загуби кредибилитетот за проширување, смета европратеникот и известувач за Македонија, Ричард Хауит.
Европската Унија не може да продолжи да ја отфрла перспективата за отворање на пристапните преговори со Македонија без самата да го загуби кредибилитетот за проширување, смета европратеникот и известувач за Македонија, Ричард Хауит.
Иако смета дека развојот на настаните не е неочекуван, сепак вели дека е длабоко непосакуван.
„Европскиот Парламент стои цврсто на својот повик за одредување на датум за старт на пристапните преговори без понатамошно одложување. Стативите на голот не може постојано да се поместуваат“, вели Хауит.
Изјавата на Хауит доаѓа по најавите дека Европскиот Совет ќе го препушти прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија на следното, данско претседателство. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за двете лица кои нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена за спречување службено лице во вршење службено дејствие.
Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.
Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази.
Македонија
Oпштина Тетово и Националниот парк Шар Планина потпишаа меморандум за заштита на животната средина

Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, заедно со вршителот на должност директор на Јавната установа „Национален парк Шар Планина“, Евзал Елмази, денес потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуинституционалното партнерство во насока на промоција на планинскиот туризам, заштита на животната средина и превенција од пожари во подрачјето на Шар Планина.
Овој меморандум претставува конкретна обврска за одржлив развој и одговорно управување со природните ресурси на подрачјето. Договорената соработка подразбира реализација на заеднички проекти и координирани активности, со што Шар Планина ќе се третира не само како еколошко богатство, туку и како економски потенцијал што придонесува кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Во својата изјава по потпишувањето, градоначалникот Касами нагласи дека планинскиот туризам, заштитата на природните богатства и грижата за животната средина повеќе не се посакувани опции, туку стратешки приоритети, кои ја дефинираат иднината на градот и регионот. Тој додаде дека оваа соработка претставува значаен чекор кон почисто, позелено и поразвиено Тетово, во согласност со природата.
Македонија
Во пожарот во Чучер-Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – вработените безбедни

Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“.
Од компанијата информираа дека благодарение на нивната брза реакција и онаа на службите нема настрадани, сите вработени се на безбедно.
„Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и реорганизирање на деловните планови, за да можеме што поскоро да обезбедиме непречена дистрибуција и да се вратиме на секојдневните работни рутини. Неизмерно сме благодарени на сите вработени кои веднаш покажаа неверојатна подготвеност да се прилагодат на ситуацијата.“ изјавија од „Фриком“.
„Во овие тешки моменти, не смееме да заборавиме дека не сме единствените. Стотици семејства, претпријатија и заедници низ државата се соочуваат со последици од огнените стихии. Нашите мисли се со сите погодени и наша обврската како компанија, и пред сè како луѓе, е да покажеме солидарност и разбирање.“, додаваат од компанијата.
„Фриком“ веќе формираше кризен тим кој утрово ја направи првата проценка на штетата. Во меѓувреме, испораките и активностите се привремено прекинати, а клиентите ќе бидат навремено информирани за следните чекори. Се работи на брзо воспоставување непречена дистрибуција.