Македонија
Петмина приведени по синоќешниот инцидент во автобус
Пет лица од скопското село Горно Количани се приведени по синоќешната пресметка што се случи во автобус со број 74, кај Народна банка во центарот на Скопје.
Пет лица од скопското село Горно Количани се приведени по синоќешната пресметка што се случи во автобус со број 74, кај Народна банка во центарот на Скопје.
Полицијата трага и по други лица кои биле вмешани во тепачката меѓу двете спротиставени групи од Горно и Долно Количани, а мотивите за пресметката и пукањето се уште не се познати.
Во пресметката беше рането со куршум во градите четиринаесетсетгодишно девојче од Долно Количани, а уште две лица од истото село беа расечени со нож.
Според информациите на МВР, синоќа околу 19:40 часот додека автобусот сеуште бил паркиран на терминалот во транспортниот центар, дошла група од 6-7 момчиња и повикале двајца браќа од село Долно Количани да слезат од автобусот за да им кажеле нешто.
Кога браќата слегле од автобусот, лицата им се нафрлиел и почнале да ги тепаат. Во тој момент од автобусот излегол возачот како и група од неколку патници со намера да го прекинат инцидентот и да им помогнат на нападнатите.
Во гужвата која се направила непознато лице извадило нож и расекло две лица меѓу кои и еден малолетник од село Долно Количани.
Едниот бил расечен на левата надлактица, а другиот бил исто така ранет во левата надлактица и на левата страна на градите.
Напаѓачите се разбегале, а патниците меѓу кои биле и повредените се качиле на автобусот и тргнале кон предвидена релација.
Кога автобусот пристигнал и сопрел на постојката кај Народна банка, пред автобусот истрчале повеќе лица, меѓу кои биле и напаѓачите од тепачката кај транспортниот центар и почнале да дивеат и да удираат по автобусот и барале од возачот да ги отвори вратите.
За да ја смири ситуацијата, возачот ја отворил вратата и излегол надвор од автобусот. Едно од лицата фрлило нож низ отворениот прозорец од возачкиот простор кон патниците од предниот дел на автобусот. Друго лице пак вперило пиштол кон отворената предна врата и испукал 2-3 кушуми.
Еден проектил го погодил автоматот за билети, се одбил од него и удрил во средниот дел од левото ветробранско стакло и паднал на подот пред возачкото седиште.
Друг проектил од испуканите куршуми завршил во телото на девојчето кое седело на седиштето непосредно зад возачкото седиште од автобусот. Напаѓачите веднаш се разбегале.
Тројцата повредени биле веднаш пренесени во Градската болница. Еден од нив е пуштен на домашно лекување, а девојчето и другиот повреден се задржани во болница.
Меѓусебната нетрпеливост на жителите од двете села не е новост, во едното село живеат Македонци муслимани и етнички Албанци.крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

