Македонија
Бичиклиски:ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги запре студиите по македонски јазик
Ниту Владата, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема ниту намера, ниту има некаков план да ги запре студиите по македонски јазик. Напротив сите институции се залагаат и ќе се залагаат за промоција на македонскиот јазик, нешто што е став и на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту Владата, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема ниту намера, ниту има некаков план да ги запре студиите по македонски јазик. Напротив сите институции се залагаат и ќе се залагаат за промоција на македонскиот јазик, нешто што е став и на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова денеска на прес конференција го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, како одговор на прес конференцијата на членот на извршниот одбор на СДСМ Људмил Спасов, кој денеска обвини дека Владата сака да ги стави во мирување студиите по македонски јазик.
„Очигледно дека ваквите манипулации се својствени за семејството Спасови, и тие во суштина ја одработуваат агендата на оние структури кои што им овозможиле да напредуваат во своите кариери, дедото професор, таткото професор, малото синче асистентче во надеж. Тие времиња на предавања на функции од колено на колено поминаа“, рече Бичиклиски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

