Македонија
Национална конференција за стратегиска оцена на влијание врз животната средина
Првата Национална конференција за стратегиска оцена на влијание врз животната средина беше отворена денеска во Скопје.
Првата Национална конференција за стратегиска оцена на влијание врз животната средина беше отворена денеска во Скопје.
Во текот на два дена, учесниците имаат можност да се запознаат со најновите измени на Законот за животна средина во однос на стратегиската оцена на влијание врз животната средина (СОВЖС), интерактивно да учествуваат на работилници за СОВЖС за планови за управување со вода, за просторни и урбанистички планови, определување на обемот на документот, како и за учество на јавноста и да се запознаат со меѓународните искуства од спроведувањето на оваа постапка.
“Стратегиската оцена е една од поновите постапки кои се спроведуваат во Македонија. Таа преставува предизвик не само за Министерството туку и за сите други органи на централната и локалната власт, пред се заради комплексноста што ја носи со себе“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми во воведното обраќање. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

