Македонија
СДСМ:Власта нема стратегија по пресудата во Хаг
Очекувањата и свесно креираниот оптимизам на Груевски и ВМРО ДПМНЕ после пресудата во Хаг, полека паѓаат во вода. За жал, наместо подобра позиција, креаторите на надворешната политика во РМ покажуваат дека немаат стратегија и повторно влегуваме во погубни сценарија.
Очекувањата и свесно креираниот оптимизам на Груевски и ВМРО ДПМНЕ после пресудата во Хаг, полека паѓаат во вода. За жал, наместо подобра позиција, креаторите на надворешната политика во РМ покажуваат дека немаат стратегија и повторно влегуваме во погубни сценарија.
Ова денеска на прес конференција го изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, при тоа додавајќи дека по министерскиот совет, наместо поблиску, Македонија е подалеку од ЕУ и НАТО.
Тој додава дека Во заклучоците на Министерскиот совет на ЕУ, Македонија беше игнорирана и оставена за можна дискусија на следното претседателство догодина.
„Каква е меѓународната позиција на Македонија говори и фактот што воопшто не се најдовме на маса на Европскиот Самит. Македонија за прв пат не беше ниту спомната за разлика од Србија и Црна Гора кои беа предмет на дебата и за кои беше констатиран напредок. Почитувани граѓани, Хрватска станува членка на ЕУ, Црна Гора и Србија одат напред, Македонија останува во друштво на БиХ и Косово“, рече Георгиев.
Според него, власта го претставува името како единствен проблем, обидувајќи се да го сокрие, како што рече, сериозното назадуваме во демократските и реформски процеси. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

