Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ ја гледа пресудата од Хаг исто како Грција
Делови од раководството на опозицијата заедно со останати политичари, најчесто од нашиот јужен сосед, манифестираат сосема спротивни тврдења дека пресудата од Хаг не била во корист на Република Македонија.
Делови од раководството на опозицијата заедно со останати политичари, најчесто од нашиот јужен сосед, манифестираат сосема спротивни тврдења дека пресудата од Хаг не била во корист на Република Македонија.
Ова денеска на прес конференција го соопшти Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, која ја обвини власта дека нема стратегија по пресудата од Хаг.
Тој запраша кои се мотивите за ваквото тврдење на опозицијата, односно дали тоа се прави, како што рече, затоа што Меѓународниот суд на правдата, основан од Обединетите нации најсилно ги демантираше тврдењата на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна партија, со широка дипломатска активност и во иднина ќе продолжи со напорите преку разговорите во Обединетите нации со Република Грција за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за името, а одлуката на Меѓународниот суд на правдата очекуваме дека ќе помогне во таа насока“, рече Спасеновски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

