Македонија
Ахмети: Со лични карти и во Косово
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави вчерашното потпишување на меѓудржавниот договор помеѓу Македонија и Албанија за минување на државната граница само со лични карти.
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го поздрави вчерашното потпишување на меѓудржавниот договор помеѓу Македонија и Албанија за минување на државната граница само со лични карти.
Тој најави дека наскоро граѓаните на Македонија ќе можат да ја поминуваат само со лична карта и границата со Косово.
„Она што вчера изгледаше невозможно, денеска е реалност. Кога и пред десет години предвидовме во нашата програма дека границите во Западен Балкан треба да се тргнат, кога и пред десет години изјавуваме дека луѓето треба да живеат во мир, да се сигурни и дека граѓаните треба да имаат доверба, за некого можеби изгледаше невозможно, меѓутоа денеска тоа е реалност. Денеска се потпиша договорот меѓу Македонија и Албанија за нашите граѓани да ја минуваат границата само со лични карти. Утре ќе се потпише договор и со Косово и ќе имаме уште по напреднати односи меѓу земјите во регионот, затоа што ова претставува државна политика, ова е човечна политика која на граѓаните им овозможува услови во сите полиња и насоки“ се вели во соопштението на ДУИ./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

