Македонија
Посебна полициска единица да се грижи за безбедноста во автобусите на ЈСП
По крвавата пресметка во автобусот на ЈСП со број 74, во која беа повредени три лица, Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските предлага да се воведе јавна градска полициска единица
По крвавата пресметка во автобусот на ЈСП со број 74, во која беа повредени три лица, Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските предлага да се воведе јавна градска полициска единица која ќе го следи работењето во јавниот градски превоз.
Во последните пет години Синдикатот регистрирал вкупно 1.201 инцидент во автобусите. Во 105 случаи имало физички напади на возачите, 49 пресметки во автобусите, 637 оштетувања на возилата и 230 закани врз возачите.
„Штетата што ја има платено ЈСП во последните пет години поради таквите инциденти изнесува 350.000 евра“ рече Мичо Стојановски, претседател на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските.
Последниот инцидент се случи во автобус со број 74 пред шест дена, кога група од Горно Количани нападна друга група деца од Долно Количани. Едно девојче беше рането со пиштол, додека две момчиња беа расечени со нож.
На петмина од напаѓачите им е одреден притвор, додека момчето кое што пукаше се уште е во бегство. Меѓусебната нетрпеливост на жителите од двете села не е новост, во едното село живеат Македонци муслимани и етнички Албанци./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

