Македонија
Лустраторите не го разгледуваа предметот за екс министерот за внатрешни
Членовите на Комисијата за верификација на фактите денеска не ги разгледуваа предметите за поранешниот министер за внатрешни работи и поранешниот министер за култура.
Членовите на Комисијата за верификација на фактите денеска не ги разгледуваа предметите за поранешниот министер за внатрешни работи и поранешниот министер за култура.
На минатата седница за поранешниот министер за внатрешни беше усвоен извештајот, но не беше донесен заклучок, додека за екс министерот за култура, предметот беше целосно одложен.
Со предметот на поранешниот прв полицаец, Комисијата за прв пат разгледуваше предмет во кој лицето се товари за давање наредби за следење на лица од идеолошки – политички причини.
Членовите едногласно го осудиле инцидентот што се случи во Битола кога на семејната куќа на претседателот на Комисијата, Томе Аџиев беа напишани навредливи и вулгарни графити.
Тие го оценија ова како вандалски чин. На седницата на Комисијата се отворила дебата и за прес-конференцијата на членот на Комисијата, Чедомир Дамјановски, кој обвини дека власта сама си „пикира“ кодоши за отстрел. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

