Македонија
Иванов-Тадиќ: Македонија и Србија имаат европска иднина
Дополнителните услови во евроинтеграциите не не’ обесхрабруваат да продолжиме со сите потребни реформи и исполнување на критериуми, порача претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со својот српски колега Борис Тадиќ.
Дополнителните услови во евроинтеграциите не не’ обесхрабруваат да продолжиме со сите потребни реформи и исполнување на критериуми, порача претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со својот српски колега Борис Тадиќ.Иванов објасни дека иако евроинтеграциите на Македонија се блокирани во последните две години, во меѓувреме се прават сите неопходни реформи.„Целта ни е да создадеме Европа внатре во државата“, изјави Иванов. Српскиот претседател Тадиќ истакна дека ваквата порака на Иванов треба да се пренесе и во Белград, бидејќи, како што рече, во Србија се појавило обесхрабрување откако земјата не доби кандидатски статус.Тадиќ објасни дека внатрешните реформи се суштина и кон тоа треба да се стремат двете држави. Србија и Македонија имаат европската иднина, рече Тадиќ посочувајќи дека Европа е најсигурната зона. Во однос на црковниот спорот, двајцата претседатели сметаат дека проблемите треба да ги решаваат црквите и дека ова прашање не е дел од меѓудржавните односи. /следува проширена верзија/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

