Македонија
Министерот Попоски во работна посета на Брисел
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во понеделник и вторник ќе ги посети европските институции во Брисел, при што ќе реализира средби во Европскиот парламент и Европската комисија во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во понеделник и вторник ќе ги посети европските институции во Брисел, при што ќе реализира средби во Европскиот парламент и Европската комисија во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија.
За време на престојот во Брисел, министерот Попоски ќе настапи и во Центарот за европски политики при што ќе зборува за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО во контекст на неодамна објавената пресуда од страна на Меѓународниот суд на правдата.
Пред претставници на дипломатскиот кор, на европските институции и на медиумите, како што соопшти МНР, во влијателниот бриселски тинк-тенк ќе бидат изложени очекувањата на Република Македонија во евро-атлантската и европската интеграција по објавување на пресудата на Судот во Хаг, а истовремено ќе биде направен и осврт на реформските активности на Македонија на патот кон членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Скопје
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.