Македонија
Тадиќ:Во интерес на Србија е Грција и Македонија да најдат решение за името
Во интерес на Србија е Грција и Македонија да пронајдат решение за името што поскоро, изјави во интервјуто за денешниот број на весникот „Дневник“ српскиот претседател Борис Тадиќ, негирајќи ја информацијата дека посредува во решавањето на спорот.
Во интерес на Србија е Грција и Македонија да пронајдат решение за името што поскоро, изјави во интервјуто за денешниот број на весникот „Дневник“ српскиот претседател Борис Тадиќ, негирајќи ја информацијата дека посредува во решавањето на спорот.„Би бил претенциозен да тврдам дека јас би можел да го решам тој проблем, како и да посредувам. Јас на тоа никогаш не претендирав. Тоа не е улогата на претседателот на Србија. Јас можам само да ја пренесам пораката во одредени околности, но тоа прашање во целост е во надлежност на македонската и грчката страна“, рече Тадиќ за „Дневник“.Во врска со српско-македонските односи, Тадиќ рече дека во интерес на Србија е да се реши спорот меѓу српската и македонската црква.Тој додаде дека во повеќе наврати се обидувал тоа да се реши, на ниво на кое тој може.„Јас сум само припадник на црквата, но во црквата не одлучувам“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека секогаш ги молел претставниците на црквата да пронајдат решение. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

