Македонија
Интерпелација за Јанкулоска
Кавга во Комисијата за надзор над комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана за следењето на претседателот на Обединети на Македонија, Љубе Бошкоски.
Кавга во Комисијата за надзор над комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана за следењето на претседателот на Обединети на Македонија, Љубе Бошкоски.
Претседателот на Комисијата, Тито Петковски констатираше дека Комисијата повторно ништо не сработила и најави дека пратеничката група на НСДП ќе покрене постапка за интерпелација на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Министерството за внатрешни работи испрати одговор до Комисијата, но претседателот на оваа Комисија, до започнувањето на седницата го немаше добиено одговорот.
За доставувањето на одговорот беше информиран само членот на Комисијата предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов.
Тој го добил одговорот од Министерството за внатрешни работи, скениран на лист откако контактирал со лица вработени таму. Го обвини Петковски дека не сака да го достави одговорот на МВР и бара да се изгласаат заклучоците од минатата седница, односно да се изгласа интерпелација за министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Очигледно не знаете која е функцијата на Комисијата, барате нешто за што ние немаме мандат. Интерпелација не е наша надлежност. Ја користите Комисијата за партиски задачи. Ќе барам од координаторот на пратеничката група и од претседателот на Собранието ваша смена“ рече Саздов.
Петковски пак, беше изненаден и тврдеше дека до почетокот на седницата на Комисијата нема добиено никаков одговор од МВР.
„Ова е скандал. Вие да носите во ташна одговор од МВР, а јас како претседател на Комисијата да го немам ова барање“ рече Петковски.
Седницата беше прекината, а во изјава подоцна, Петковски рече дека одговорот стигнал во архивата на Собранието во 8:45 утрово, а во неговата канцеларија во 10:45, односно по започнувањето на седницата.
За него однесувањето на министерката кон Собранието е „навредливо, понижувачки и безобразно“.
Пратеничката група на НСДП, партијата чиј претседател е Петковски, ќе покрене постапка за интерпелација на Јанкулоска. Во одговорот кој што го испратила министерката, се вели дека Министерството е отворено за соработка со пратениците и дека можат да го посетат Министерството кога сакаат, со претходна најава.
Но, во одговорот се потенцира дека доколку Петковски сè уште има желба да направат увид околу прислушкувањето на Бошкоски, дека таква документација не постои бидејќи такви мерки не биле преземени.
Петковски тврди дека тие побарале да се направи увид во целокупната документација во Министерството за следењето на Бошкоски.
Лидерот на Обединети за Македонија беше осуден на седум години затвор за нелегално финансирање на изборната кампања и злоупотреба на службената положба. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

