Македонија
Кристијан Шапкар не се чувствува виновен за глисерската несреќа
По повеќе одложувања во Основниот суд во Охрид денеска започна главниот претрес во судскиот процес за глисерската несреќа што се случи пред две години во водите на Охридското езеро, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, а неколку лица беа повредени, јавува Ohridnews.
По повеќе одложувања во Основниот суд во Охрид денеска започна главниот претрес во судскиот процес за глисерската несреќа што се случи пред две години во водите на Охридското езеро, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, а неколку лица беа повредени, јавува Ohridnews.Пред судот исказ даде Кристијан Шапкар кој е обвинет дека ја предизвика глисерската несреќа. Шапкар кој претходно се бранеше со молчење решил да даде свое сведочење пред судот по советување на неговиот нов бранител. На почетокот од сведочењето тој изрази жалење за несреќата. Посочи дека знае за што е обвинет и дека не се чувствува за виновен. Во својот исказ тој детаљно ги опиша случувањата пред, за време и по несреќата, напоменувајќи дека не пиел алкохол пред несреќата и дека се напил неколку чашки ракија веднаш по немилиот настан за да го смири големиот стрес кој го претрпел.„На 22 август, кој е многу несреќен ден за мене, јас и мојата сопруга решивме да одиме во селото Трпејца на ручек. Со нас ги повикавме мојот братучед и неговата девојка. Тргнавме попладнето некаде после 15 часот. Во ресторанот кај што ручавме, многу добро се сеќавам дека нарачав риба и негазирана вода, затоа што поради терапијата која што ја примав не смеев да јадам мрсно и да пијам алкохол“ раскажуваше Шапкар.Тој напомена дека пред да тргнат од Трпејца кон Охрид ги запалил светлата на глисерот.„Се движев паралелно со брегот, но некаде кај Метропол, почувствував дека десниот мотор се изгасна, се обидов повторно да го запалам, но неговото работење не беше добро, така што продолжив да се движам со забавена брзина“ рече Шапкар.Тој објасни дека некаде помеѓу Хотелот Парк и плажата Кадмо забележал дека од неговата лева страна наидува друг пловен објект.„Проценив дека според правецот на движење, другиот пловен објект, не претставува опасност за мојот правец на движење и продолжив да се движам по насоката по која што одев. Не знам што се случи, но другиот глисер наеднаш направи некој маневар, го видов него како некоја сенка, која доаѓаше право на нас, не можам да кажам дали беше со голема брзина. Се обидов да го избегнам, мислам дека завртев на десно, но се беше толку брзо и се судривме. Ударот беше силен и сите се најдовме во вода“ објаснуваше Шапкар пред судот.На крајот од својот исказ, тој рече дека жали за загубата на семејството Муцински, особено за состојбата на децата.„Не би сакал ниедно дете на светот да разочарам, зошто и јас имам деца. Но пак напоменувам дека беше несреќа и ние можевме да загинеме, секому може да му се случи и затоа не се чувствувам виновен“ рече Шапкар.Инаку денеска пред судот сведочеше и неговата сопруга Ивана Шапкар, која изнесе многу слични искази и детали за несреќата.По исказите Јавниот обвинител побара од Судот да се направи дополнително вештачење од страна на Клиниката за психијатрија од Скопје, со цел да се утврди дали обвинетиот консумирал алкохол пред или по несреќата.Инаку според податоците од вештачењето, неколку часа по несреќата кај Кристијан Шапкар биле пронајдени 0,72 помили алкохол во крвта и 1,28 промили алкохол во урината./крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

