Македонија
Адеми го запозна Волерс со приоритетите во екологијата
Животната средина претставува област која бара здружени акции од повеќе актери на повеќе нивои, како и големи инвестиции.
Животната средина претставува област која бара здружени акции од повеќе актери на повеќе нивои, како и големи инвестиции. Ова било констатирано на денешната средба помеѓу македонскиот министер за Животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми и американскиот амбасадор во македонија Пол Волерс.Министерот Адеми го запознал амбасадорот со приоритетните области во животната средина и изрази благодарност за иницијативата на Владата на САД за зајакнување на капацитетите на нашата држава за развивање на ниско емисиони развојни стратегии.Амбасадорот Волерс го потврди предизвикот пред кој се наоѓаат поголем број држави во светот за постигнување баланс помеѓу економскиот развој и креирањето на нови работни места од една страна и одржувањето на здрава животна средина од друга страна. Во таа насока, укажа на потенцијалот на промоција на туризмот како економска гранка која е во содејство со чистата животна средина. Волерс укажал и на потребата од подигањето на свеста на граѓаните за причините за загадувањето (како би се минимизирале последиците), како и градење партнерски односи со невладиниот сектор за внесување или промена на определени навики. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

