Македонија
Дали некој кривично ќе одговара за хеликоптерската несреќа?
По три години од хеликоптерската несреќа кај Блаце во којашто загинаа 11 македонски мировници, денеска на пладне се очекува јавниот обвинител, Љупчо Шврговски да обелодени дали некој кривично ќе одговара за падот на
По три години од хеликоптерската несреќа кај Блаце во којашто загинаа 11 македонски мировници, денеска на пладне се очекува јавниот обвинител, Љупчо Шврговски да обелодени дали некој кривично ќе одговара за падот на армискиот хеликоптер.
За испитување на причините за несреќата Владата формира посебна Комисија која требаше во најкус можен рок да поднесе и детален и финален извештај пред Владата. Државната комисија во извештајот наведе пет причини кои придонеле за несреќата – неповолни временски услови, непочитување на процедурите, неисправност на инструменти во хеликоптерот, пропусти во обуката на пилотите за инструментално летање и недисциплинираност на екипажот.
Обвинителството оцени дека извештајот на државната комисија бил проблематичен и затоа побара странска експертиза, којашто ја направи Британецот Едвард Пули. Денеска обвинителот треба да соопшти дали обвинителството во експертизата пронашла докази за кривична постапка.
Несреќа се случи на 12 јануари 2008 година на ридот кај катлановско Блаце, каде што загинаа 11 мировници на АРМ при враќањето од мисијата во Босна и Херцеговина. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

