Македонија
Хјуит:Итен датум за преговори со Македонија
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент(ЕП) Ричард Хјуит денеска на првата презентација на драфт извештајот за напредокот на земјата се заложи на Македонија под итно да и се додели датум за почеток на преговорите.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент(ЕП) Ричард Хјуит денеска на првата презентација на драфт извештајот за напредокот на земјата се заложи на Македонија под итно да и се додели датум за почеток на преговорите.„Намерно упатив повик за датум за почеток на преговорите за прием без одложување како параграф еден, во првата реченица за да испратиме јасна порака и тука во Брисел, но и во земјата исто така“, рече Хјуит.Коментирајќи ја одлуката да ја употребува придавката „македонски“ при означувањето на јазикот, културата и идентитетот, што Европската комисија(ЕК) престана да го прави, Хјуит рече дека не му е намерата некого да провоцира.„Не сакам никого да провоцирам, туку да се признае дека ова е целосно во согласност со практиката на Обединетите нации(ОН) и на меѓународното право“, рече Хјуит, при тоа додавајќи дека на овој начин ќе им се покаже на луѓето во Македонија дека Брисел ги слуша забелешките заради неупотребата на придавката „македонски“.Тој додаде дека статус кво ситуацијата не е добра за меѓуетничките односи во земјата, за стабилноста на регионот, но и за процесот на проширување на ЕУ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

