Македонија
СДСМ: Паника во ВМРО-ДПМНЕ од нашиот проект за социјалните субвеници
Наместо да држат панични прес-конференции, го повикуваме ВМРО–ДПМНЕ да го прифати проектот на СДСМ „Социјални субвенции“ и конечно да покаже барем малку чувство за социјално загрозените семејства
Наместо да држат панични прес-конференции, го повикуваме ВМРО–ДПМНЕ да го прифати проектот на СДСМ „Социјални субвенции“ и конечно да покаже барем малку чувство за социјално загрозените семејства, се наведува во експресната писмена реакција на социјалдемократите на пресот на претседателот на градскиот комитет на владејачката партија и градоначалник на скопската општина Аеродром, Ивица Коенвски.„Да беше така како што зборува ВМРО–ДПМНЕ немаше градоначалникот на Аеродром да држи панични прес-конференции доцна попладнево“, се вели уште во соопштението на СДСМ, во кое се наведува и дека наводна потврда за паниката во ВМРО–ДПМНЕ од проектот „Социјални субвенции“ е тоа што градоначалникот на Аеродром ги наредил „речиси сите проекти кои тие ги ископираа од СДСМ“. „И легализацијата и бесплатните учебници и СОС продавниците и планот за справување со енергетската сиромаштија се проекти ископирани од СДСМ“, се заклучува во писмената изјава на опозициските социјалдемократи. Претходно во вторникот на прес-конференција во СДСМ, градоначалниците од оваа партија на Куманово, Охрид, Струмица и скопската општина Карпош, Зоран Дамјановски, Александар Петрески, Зоран Заев и Стевчо Јакимовски, најавија почнување проект со кој ќе одвојат по 36 милиони денари за субвенционирање на трошоците кон комуналните претпријатија за плаќање на сметките на социјално најзагрозените семејства.На тоа попладнето реагираше Коневски со прес-конференција на која посочи дека вакви мерки веќе неколку години се остваруваат во градовите каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја најголемата опозициска партија дека не се раководи од „вистинската грижа за социјалните случаи, туку од желбата за евтин политички маркетинг во пресрет на локалните избори“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

