Македонија
Македонија и Грција седнаа на маса во Битола
Во вторникот на заедничка маса во Битола седнаа претставници на Македонија и на Грција, на третиот Комитет за ИПА порграмите за меѓупогранична соработка меѓу двете земји.
Во вторникот на заедничка маса во Битола седнаа претставници на Македонија и на Грција, на третиот Комитет за ИПА порграмите за меѓупогранична соработка меѓу двете земји. Се разговараше за првиот повик и усвоеноста колку проекти се документирани, како и за објавувањето на вториот повик кој треба да биде објавен во првиот квартал на 2012 година „ На вториот повик за Република Македонија ќе има околу пет милиони евра ќе може сите општини, невладини организации, граѓански сектор за социјалната заштита, заштитата на животната средина, инфраструктурата да аплицираат“, вели Сашо Лазаровски заменик министер за локална самоуправаПроцените биле дека ни треба време за активна работа на ова поле, заради обуките. Бројката на потпишани проекти сеуште не била сумирана.„ Првите проекти треба да се потпишат до крајот на овој месец и другиот со нив ќе бидат реализирани околу два милиона евра интересот почнува да се интензивира и сенадевам дека во иднина ќе успееме да ги реализираме тие пет милиони евра нели и ни треба време“, дополни ЛазаровскиИнтересот бил пројавен во сите сфери, а најголем бенефит од овие ИПА имаат пограничните општини. Грчката страна, пак, е оптимист судејќи според досега направеното и според генералниот секретар на децентрализираната управа Македонија – Тракија, требало само да се почитуваат правилата на игра, а како основа правилата на соработкат меѓу двете земји, да се направат проекти од зеднички интерес.„ Како, на пример во здравствениот сектор, ако одредени услуги ги нема во битолската болница, таа жда соработува со болница во Лерин и обратно. Најважно е да ги почитуваме првилата на Европската унија“, изјави Тимиос Сокос, генерален секретар на децентрализираната управа Македонија – Тракија.Грција е заинтересирана да соработува со Македонија и во делот на заштита на животната средина односно заштита на водните ресурси, реките кои минуваат низ територијата на двете држави, како и соработка на локалните самоуправи на општините за заеднички проект во делот на туризмот. /крај/ом/твт/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

