Македонија
Крадци „олесниле“ турски државјанин за 650 евра и 350 турски лири
Крадци на Камениот мост во Скопје украле од турски државјанин 650 евра и 350 турски лири, соопшти полицијата.
Крадци на Камениот мост во Скопје украле од турски државјанин 650 евра и 350 турски лири, соопшти полицијата.
Според истиот извор, 26 годишната А.А., 14 годишниот Е.М. и 12 годишниот О.А., на 21 декември околу 19:30 часот го забележале турскиот државјанин и почнале да го влечат и да му бараат пари. Во еден момент, А.А. му ја вовлекла раката во џебот и ги извлекла парите, а потоа сите избегале.
Турскиот државјанин случајот го пријавил во полиција, каде што на покажаните слики, ги препознал арамиите. Полицијата ги привела и на турскиот државјанин му вратила дел од украдените пари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопшти МНР
До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
-Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, рекоа од Министерството.
Денеска силен чад се издига над хоризонтот на јужен Либан откако израелските трупи го нападнаа јужниот град Сидон, на околу 45 километри јужно од Бејрут каде што загинаа најмалку 32 лица, соопштија либанските власти, додека во провинцијата Баалбек Хермел загина 21 лице, а најмалку 47 се ранети.
Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени.
Македонија
Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки што ќе дадат резултати
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и економија и труд Бесар Дурмиши остварија средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
На средбата се разговараше за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.
„Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки“, истакна премиерот Мицкоски.
Македонија
Почнува монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“
АД ЕСМ и „ЕСМ дистрибуција на топлина“ денес ги почнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“.
Поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.
„Новите раководства на ‘ЕСМ дистрибуција на топлина’ и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании“, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на „ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија“, кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.
До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод А вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ-ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.