Македонија
Разбојници ограбиле маркет во Карпош
Двајца разбојници го ограбиле маркетот на ДТУ „ЛАТИНГ“ ДООЕЛ Скопје, на улица Пелистерска во населбата Карпош, при што од вработените одзеле 35.100 денари.
Двајца разбојници го ограбиле маркетот на ДТУ „ЛАТИНГ“ ДООЕЛ Скопје, на улица Пелистерска во населбата Карпош, при што од вработените одзеле 35.100 денари.Настанот се случил синоќа околу 20,55 часот, кога во маркетот влегле разбојниците, при што едниот од нив со пиштол им се заканил на вработените, а другиот ги одзел парите, по што двајцата побегнале.Полицијата трага по крадците. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Среде грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи
Со ДПМНЕ на власт Рударско енергентскиот комбинат Битола, не е повеќе рударски. Средe грејна сезона во РЕК Битола не се копа јаглен од рудникот Суводол со денови. Додека ДПМНЕ беше во опозиција категорично тврдеа дека нема да има скап увоз на јаглен, односно ќе работат само со домашен јаглен. Спротивно на тоа, веќе со денови не се копа јаглен, велат од СДСМ.
„Мицкоски изјавуваше дека од 15 ноември 2024 ќе има откривка на јаглен од милион тони но, спротивно на тоа Багерот КУ 300 кој е главен во ископот на јаглен неколку дена не работи. Багерот бил во подрачје каде што нема можност да ископува јаглен (ставен во кал) поради незнаење или намерно саботирање, а и настанал дефект на клучен мотор“, велат од партијата и додаваат:
„Изјавите дека вчера го исклучиле Блок заради воден јаглен се приказни за мали деца и воопшто не се точни. Вчера беше исклучен Блок бидејќи нема јаглен и тоа е вистинската причина. На депонијата за јаглен има само 40 илјади тони што е доволно само за два дена ако работат сите три блока, па сега лесно може да се заклучи зошто работи само со еден блок во РЕК.Енергетскиот систем е клекнат на колена. Срамно и тажно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола“.
Македонија
Губитничките партии на Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, велат од ДУИ
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ.
„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.
Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.
ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.
Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Веб-страницата на СДС, исто како и неговата политика, е преполна со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.