Македонија
Првата дама на презентација на кампањата „Здрава храна и традиција“
На денешниот настан во скопското основно училиште „Лазо Ангеловски“ беше презентиран училишниот проект со наслов „Здравата храна и традицијата“ кој се организира како дел од кампањата „Здрава храна за детство без мана“, на којшто присуствуваше и покровителот на кампањата, Маја Иванова,
На денешниот настан во скопското основно училиште „Лазо Ангеловски“ беше презентиран училишниот проект со наслов „Здравата храна и традицијата“ кој се организира како дел од кампањата „Здрава храна за детство без мана“, на којшто присуствуваше и покровителот на кампањата, Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.Учениците организираа изложба од овошја и зеленчуци, подговтуваа свежо-цедени Оваа кампања е во организација на невладината организација „ОХО“ и започна во Октомври оваа година. Кампањата, инаку, се одвива на две нивоа, и тоа, активности во градинките и училиштата низ Македонија со кои децата ќе бидат запознаени со важноста на здравата исхрана и воедно ќе бидат поттикнати да конзумираат здрава храна како дел од нивниот секојдневен оброк, и преку детската емисија 5+, во чии рамки од оваа сезона започнува новата рубрика „Здрава храна за детство без мана“ во која ќе се подготвуваат здрави и брзи рецепти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

