Македонија
Груевски:Правиме максимални напори да го решиме спорот со Грција
Владата прави максимални напори во рамки на своите можности да се изнајде решение со кое ќе се надмине спорот со Грција, изјави денеска премиерот Никола Груевска на собраниска седница посветена на пратенички прашања.
Владата прави максимални напори во рамки на своите можности да се изнајде решение со кое ќе се надмине спорот со Грција, изјави денеска премиерот Никола Груевска на собраниска седница посветена на пратенички прашања.„Во минатиот период преку различни форми, преку формата на ОН, медијаторот Метју Нимиц и преговарачите и преку директни средби со претставници од другата страна, остваривме многу средби и контакти, обиди да се надмине прашањето и да се реши спорот. За жал, не дојде до тоа, иако имаше многу напори и обиди од наша страна. Жалам што во последните 6-7 месеци од другата страна имаме игнорантски однос во однос на нашите напори. На почетокот тоа беше брането како ситуација која произлегува од финансиската криза во Грција, но во последниот период имаме отворени изјави од нивниот премиер оти тој не чувствува дека прашањето за името е во негов мандат“, рече Груевски.Тој рече дека очекува од сите страни да ја почитуваат одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

