Македонија
Црвенковски: Претседателот Глигоров преставуваше глас на разумот
Благодарение на Киро Глигоров и на неговата политика, Македонија стана независна и меѓународно призната држава по мирен пат, без жртви и крвопролевање, оцени лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, по смртта на првиот претседател на Македонија.
Благодарение на Киро Глигоров и на неговата политика, Македонија стана независна и меѓународно призната држава по мирен пат, без жртви и крвопролевање, оцени лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, по смртта на првиот претседател на Македонија.
Според Црвенковски, Глигоров преставувал глас на разумот во Македонија и во регионот во моменти кога на просторот на поранешна Југославија владееше националистичко лудило и се водеа крвави етнички војни.
„Киро Глигоров никогаш немаше дилема каде е иднината на Република Македонија. Прв ја промовираше и застапуваше идејата за наше интегрирање во Европската Унија и НАТО алијансата. Овие негови заложби беа широко препознаени и во земјата и во меѓународната заедница. Ниту една друга личност во овие 20 години немала во истовреме таква подршка од граѓаните на Македонија и таква меѓународна почит и уважување. Стара изрека е дека историјата ја пишуваат победниците. Но нема такви победници кои можат да ја избришат грандиозната улога на Киро Глигоров во историјата на македонскиот народ и македонската држава“, изјави Црвенковски по повод смртта на првиот претседател Глигоров. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

