Македонија
Ден на жалост по повод смртта на првиот претседател Глигоров
Денешниот ден, 3-ти јануари е прогласен за Ден на жалост по повод смртта на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров.
Погребот ќе биде извршен денеска во 13 часот во алејата на великаните на градските гробишта во Бутел, во најтесниот круг на семејството, според желбата на Глигоров.
„Бидејќи се работи пред сé за семеен чин, доколку семејството на Глигоров се согласи, Владата и државните институции сметаат дека е потребно да се организира погреб со највисоки државни и воени почести, но ќе ја почитуваат секоја одлука на семејството Глигорови сочувствувајќи со нивната загуба, болка и тага“, се вели во соопштението од владата.
Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Беше претседател на Република Македонија во два мандата од 1991 до 1999 година./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

