Македонија
Бесими: Нашите мировници се светски миротворци
„Оваа мисија има огромно значење, пред сè за меѓународниот углед и за позицијата на нашата земја, за нејзиното евроатлантско интегрирање и за севкупните консеквенци за меѓународната безбедност“, истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими.
„Оваа мисија има огромно значење, пред сè за меѓународниот углед и за позицијата на нашата земја, за нејзиното евроатлантско интегрирање и за севкупните консеквенци за меѓународната безбедност“, истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими на денешната свеченост во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово по повод испраќањето на контингент на АРМ од составот на Втората механизирана пешадиска бригада во силите ИСАФ во Авганистан.
Пред присутниот военодржавен врв, претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, истакна дека одбраната на нашата безбедност започнува далеку од нашите граници и дека токму овој контингент е избран да ја извршува оваа тешка, но благородна задача. Како што истакна тој, Република Македонија останува посветена на преземените обврски и задачи, со желба да му помогне на народот во Авганистан да изгради демократско општество ослободено од тероризам, општество кое се базира на почитувањето на човековите права и владеење на правото.
По повод оваа свеченост, командантот на контингентот, мајорот Мухарем Мухареми, изрази задоволство од подготвеноста на припадниците да докажат дека се сосема рамноправни со своите колеги од другите армии кои во моментот се дел од силите ИСАФ.
„Постигнатите резултати, залагањето и посветеноста на работата ми дава за право да верувам во подготвеноста на припадниците на контингентот за извршување на комплексни задачи кои произлегуваат од поставената мисија“, додаде тој.
Во новата ротација ќе заминат 149 припадници на АРМ кои заедно со најстариот национален претставник и двајца штабни офицери ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. „Леопардите“ во наредните шест месеци, во рамките на контингентот од Обединетото Кралство ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда, а покрај тоа ќе извршуваат и сложени задачи како патролирање и обезбедување на објекти од витално значење, обезбедување комуникации и сл. Дел од оваа ротација е и менторскиот тим за обука на Авганистанските безбедносни сили (OMLT-3), кој во истиот период задачите ќе ги извршува во Мазар-е-Шариф и тоа под команда на вооружените сили на Германија.
Новина во оваа ротација е фактот дека припадниците на овој контингент ќе бидат првите кои ќе заминат во Авганистан носејќи ја новата борбена униформа на Армијата на Република Македонија со автохтона дигитална шара, која паралелно со докажаната професионалност претставува уште еден белег според кој ќе се препознаваат припадниците на Армијата на Република Македонија. /крај/мо/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

