Македонија
Запленети уште три возила за користење „црвена нафта“
Во петокот мобилните екипи на цариснаката служба, откриле нови случаи на користење ткн „црвена нафта“, како погонско гориво што е спротивно на одредбите на Законот за акцизи.
Во петокот мобилните екипи на цариснаката служба, откриле нови случаи на користење ткн „црвена нафта“, како погонско гориво што е спротивно на одредбите на Законот за акцизи. При контрола на повеќе моторни возила, извршена на патните правци Тетово – Скопје и Свети Николе – Штип, биле откриени три возила од кои биле земени мостри од горивото што го користеле, и истите биле предадени на анализа во Царинската лабораторијата, од каде е добиен одговор дека станува збор за екстра лесно гориво обележано со црвена боја, кое не смее да се користи како погонско гориво во моторните возила. Според законските одредби, привремено се задржани сите три возила, информураат од Царинската управа.При оваа акција запеленти се автобус „санос“ со македонски регистарски ознаки проценет на околу 300 илјади денари. чиј сопственик се сомничи дека со користење на вакво погонско гориво, избегнати се акцизни давачки во износ од околу 185.850 денари. Исто така, запленето е наменско возило „бетономешалка“ со македонски регистарски ознаки проценето на 1.2 милиони денари. Се проценува дека со користење на вакво погонско гориво, избегнати се акцизни давачки во износ од околу 370.000 денари. Запленет е и камион „мерцедес“, исто така, со македонски регистарски ознаки со вредност околу 340 илјади денари во чиј случај е проценето дека со користењето на „црвената нафта“ се избегнати акцизни давачки во износ од околу 148.680 денари. Во секој поединечен случај, за сторените акцизни прекршоци согласно Законот за акцизи, на правните лица-сопственици на возилото им е доставена покана за плаќање глоба во висина од четири илјади евра, на одговорните лица во правното лице – глоба од 500 евра и на физичките лица – возачите, исто така, 500 евра, или вкупно околу 300 илјади денари, сума којашто доколку ја платат во рок од осум дена, се намалува за половина. Против прекршителите, Царинската управа поднесува Барања за поведување прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок, каде ќе биде донесено решение за конечно одземање на возилата и наплата на глоба во полн износ, доколку прекршителите не ја платат глобата во предвидениот рок. Поднесени се и Барања за дополнителна наплата на акцизен долг до Секторот за царински систем, а согласно Барањата донесени се Решенија за дополнителна наплата на акцизен долг на име на сторителите на акцизните прекршоци во вкупен износ од околу 700 илјади денари.Ова е втор ваков случај откриен во последните десетина дена. Претходно, на 29-ти минатиот месец, откриени беа други три случаи каде возилата (автобус, минибус и товарно моторно возило) користеле екстра лесно гориво наменето за домаќинство. И тогаш возилата беа привремено задржани, а против прекршителите беа поднесени соодветни пријави, изречени се глоби за сторените акцизни прекршоци, а донесени беа Решенија за дополнителна наплата на акцизен долг./крај/со/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби
ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби.
Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме, додава тој, одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.
„Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други“.
Вистината е една и единствена, вели тој и додава дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите, како што истакнува, заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат.
„Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.
Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Кривична за прилепчанец поради сомнеж дека фалсификувал свидетелство за да полага за возачка
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР.
Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.
Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.
Македонија
Перински во посета на Општина Куманово во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот.
На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите механизми за поддршка.
Перински ги информираше присутните и за динамиката на активностите на Министерството во наредниот период, при што беше нагласен јасниот фокус на институцијата – зајакнување на локалните капацитети, поддршка на развојни проекти, создавање на услови за поттикнување на меѓуопштинска соработка и подобрување на услугите за граѓаните.
Во рамки на посетата беше посочено дека од минатата недела се активни двата јавни повика на министерството, наменети за проекти што придонесуваат кон рамномерниот регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се издвоени вкупно 223.423.000 денари. „Ги охрабрувам сите општини активно да ги искористат овие повици и да аплицираат со квалитетни предлог-проекти“, порача Перински.
При посета на општината се изврши и увид во проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, кој се реализира во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион.
Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку развој на зелена инфраструктура.
„Да ги зголемиме зелените површини во градов, со цел почиста животна средина, со акцент на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со примена на една од долгорочните мерки за намалување на загадувањето, а тоа е оззеленување и пошумување со квалитетни садници.“, нагласи градоначалникот Димитриевски.
Вкупната вредност на проектот за Куманово изнесува 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Проектот опфаќа засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови како и активности насочени кон подготовка на стратешки и „меки“ мерки за развој на зелената инфраструктура и зајакнување на капацитетите на партнерите.

