Македонија
Албанија ќе лобира за интеграција на Македонија во НАТО
Министерот за одбрана на Македонија, Фатмир Бесими, денес се сретна со неговиот албански колега, Арбен Имами, при што беше потврдена одличната соработка помеѓу двете држави во областа на одбраната и безбедноста, информираат од Министерството за одбрана.
Министерот за одбрана на Македонија, Фатмир Бесими, денес се сретна со неговиот албански колега, Арбен Имами, при што беше потврдена одличната соработка помеѓу двете држави во областа на одбраната и безбедноста, информираат од Министерството за одбрана.
За време на официјалните разговори, министрите за одбрана дискутираа за прашања околу интеграцијата на Македонија во НАТО, особено пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.
„Ние имаме одлични искуства при соработката на билатерален, на регионален план, но и во однос на евроатлантските интеграции. Впрочем, ние преку Јадранската повелба заедно минавме низ патот на интеграција кон НАТО“, истакна по средбата министерот Бесими.
Mинистерот Имами уште еднаш ја потврдил поддршката на Албанија за влез на Македонија во НАТО, истовремено истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи, на средбите и форумите на сите нивоа, кои ќе се одржат пред самитот, безрезервно да лобира за интеграција на Македонија во Алијансата.
„Колку побрзо Република Македонија и земјите во регионот се интегрираат во НАТО и во ЕУ, толку поголема ќе биде гаранцијата за мирот, за безбедноста за развојот“, рече Имами.
Воедно, министрите потврдија дека соработката на сите нивоа ќе се интензивира.
„Разговаравме и за поддршката на Република Албанија за обука на офицери кои денес се дел од Армијата на Република Македонија, а тема на разговор беше и можноста заеднички да работиме на конкретни проекти и да го промовираме и концептот на паметна одбрана“, рече министерот Бесими, истакнувајќи дека развојот и одржувањето на регионалните капацитети треба да се базираат на овој концепт, со цел здружување и споделување на одбранбените и безбедносни средства.
Министерот Имами, во контекст на новиот концепт на НАТО потврди дека и покрај тоа што соработката е на високо ниво, сепак постои простор таа да се прошири и во однос на концептот „паметна одбрана“.
Од двајцата министри беше поздравена иницијативата на Хрватска за заедничко учество во Школата за воена полиција во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан.
Дополнително, министерот Бесими ја потврди можноста за користење на капацитетите на Република Македонија како полигонот „Криволак“, Военомедицинаскиот центар и РТЦК, кои нашата држава ги нуди како регионални ресурси во рамките на евроатлантските интеграции. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.