Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот со „Маѓар Телеком“ е од времето на СДСМ

Објавено пред

Според владејачката партија, како што се наведува во писмената реакција на изјавата од СДСМ, податокот што американскиот ФБИ и македонското обвинителство сé уште ги немаат откриените во случајот корупција,

dobivaj vesti na viber

Според владејачката партија, како што се наведува во писмената реакција на изјавата од СДСМ, податокот што американскиот ФБИ и македонското обвинителство сé уште ги немаат откриените во случајот корупција, најголемата опозициска партија се обидува да се го искористи да манипулира со јавноста.„СДСМ сака со повторување на префрлувањето на вината да создаде атмосфера во која народот ќе заборави дека во извештајот е нагласено дека подмитени се претставници на владејачката гарнитура во тоа време, а главна владејачка партија во тоа време е СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕОд владејачката партија потсетуваат дека целта на подмитувањето била да се пролонгира влегувањето на трет мобилен оператор. „Токму СДСМ беше партијата којашто четири години и покрај сите наши апели како опозиција опстоја на задржување на монополот на Телекомот. ВМРО-ДПМНЕ само што дојде на власт, во првите два месеца, објави меѓународен тендер за трет мобилен оператор и за шест месеци падна монополот на Телекомот и започна кривична постапка против три лица кои се во бегство и за кои има и меѓународна потерница“, се вели во писмата реакција. Според ВМРО-ДПМНЕ, во опозициската партија завладеала паника, бидејќи „се фатени на дело“,и тоа „од американските истражни органи“.„Според сознанијата американските истражни органи го испитувале работењето на Македонскиот Телеком во подолг период и ги истражувале сите предмети за кои во македонската и меѓународната јавност се дискутираше. И единствени случаи на криминал кои што ги утврдиле, не само македонските истражни органи, туку и американските се оние во кои што јасно се посочува дека функционери од Владата на СДСМ биле корумпирани и учествувале во криминалот со Телекомот“, се вели во реакцијата на владејачката партија, од каде повикуваат дека пресметката меѓу фракциите во редовите на социјалдемократите не може да оди на товар на ВМРО-ДПМНЕм туку да се соопштато кој евмешан во „ милионскиот криминал со Телеком“.Претходно во реплика на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, побара Јавниот обвинител да изјави дека е покрената истрага за големата афера за којашто од американскиот суд Долче Телеком беше казнет со близу сто милиони долари, обвинувајќи дека владејачката партија сака да забошоти нешто во врска со овој случај.Во 2005 и 2006 година.  извршните директори тогаш вработени во Маѓар Телеком, вклучувајќи го и претседателот и извршен директор, организирале, одобриле, реализирале план за поткуп на владини претставници во Република Македонија со цел да се одложи или да се спречи влгувањето на нов конкурент на Маѓар Телеком. Во информацијата што пред извесно време ја пренесе AFP повикувајќи се на американскот министерство за правда, беше наведена тужбата на Американската комисија за Хартии во вредност испратена до Окружниот суд на САД во Њујорк,дека „Маѓар Телеком“, преку нејзините подружници во Македонија, исплатила од 4.875.000  евра во текот на 2005 и 2006 година на посредник под маската наводни „консултации“ и „маркетинг“ договори за кои немало никаква легитимна бизнис логика, а којашто ја цитираше Бичиклиски на прес-конференцијата во саботата./крајј/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;

– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;

– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;

-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец

Објавено пред

На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Женската хокеарска репрезентација на САД одби да присуствува на говорот на Трамп за состојбата на нацијата

Женската репрезентација на САД во хокеј на мраз, која го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и...

Европа23 минути

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа29 минути

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа41 минута

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија11 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија19 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија20 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија20 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион22 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет22 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија23 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа23 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет23 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет23 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет1 ден

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет1 ден

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа1 ден

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...