Македонија
Мемемти: Најсурова е дискриминацијата според политичка припадност
Продолжува трендот на зголемување на приливот на граѓани кои бараат заштита од институцијата Народен правобранител. Секоја година има за 5 проценти повеќе претставки споредено со претходната година
Продолжува трендот на зголемување на приливот на граѓани кои бараат заштита од институцијата Народен правобранител. Секоја година има за 5 проценти повеќе претставки споредено со претходната година, изјави Народниот правобранител Иџет Мемети во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Втора работа е, вели тој, дека оваа година имаме прилично голем број предмети кои сме ги завршиле со констатација за повреда на човековите права. „За разлика од минатата година, оваа година имаме некаде околу 10 проценти повеќе констатирани повреди. И понатаму најголем број претставки на граѓаните се однесуваат на судската власт, а второто место веќе две години по ред го заземаат потрошувачките права. За разлика од минатите години, граѓаните се повеќе се свесни дека компаниите им ги прекршуваат потрошувачките права“ вели Мемети.
Минатата година бројките во нашата институција покажуваат дека за 50 насто е зголемен бројот на претставки на граѓани кои се жалат дека се дискриминирани по одреден основ, вели Мемети.
„Нашата институција во 15 случаи има констатирано дискриминација по разни основи, а најголемиот дел е по политичка основа. Има и по национална основа, но најсурова дискриминација сме констатирале по основ на политичка припадност. Меѓутоа нешто што загрижува е тоа што и откако ние ќе констатираме повреда по основ на дискриминација и граѓанинот го добие правото или успеееме да му помогнеме, тој не продолжува да бара и судска и обвинителска заштита. Граѓаните уште доста треба да се информираат по однос на тоа што значи промоција на тоа како полесно може да ги препознаеш појавите или формите за појава на дискриминацијата“ изјави омбудсманот Иџет Мемети во интервјуто за Радио Слободна Европа./крај/рсе/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

