Македонија
Фуле: Напролет стартува Пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија
Македонија и Европската Унија напролет ќе започнат Пристапен дијалог на високо ниво, најави комесарот за проширување Штефан Фуле, по денешниот осми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
Македонија и Европската Унија напролет ќе започнат Пристапен дијалог на високо ниво, најави комесарот за проширување Штефан Фуле, по денешниот осми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
Како што посочи еврокомесарот, пристапниот дијалог ќе ја засили соработката на унијата со земјата во однос на следењето на напредокот во клучните области, меѓу кои ги наведе слободата на изразување, владеењето на правото, реформата на јавната администрација, изборниот процес и борбата против корупцијата.
„Многу е важно дека го искористивме денешниот состанок да потврдиме дека ќе го почнеме Пристапниот дијалог на високо ниво со поранешната југословенска Република Македонија оваа пролет. Ова ќе даде нова поддршка во нашите односи и ќе ја засили нашата соработка во петте приоритетни полиња што ги споменав. Во една од тие области, владеењето на правото, ќе го искористиме моментумот креиран со новиот предлог на комисијата за поглавјата 23 и 24, што се однесуваат на фундаменталните права, судството, правда, слобода и безбедност и можеме да почнеме со техничките консултации што се однесуваат на прашањата покриени со овие две важни поглавја“, рече Фуле на вечерашната прес-конференција во Брисел.
„Верувам дека се согласивме за натамошниот пат во пристапниот процес, што треба да го одржи реформскиот моментум и, како што посочив, не само да го одржи моментумот, туку и да создаде нов динамизам, динамизам во односите што ќе се однесува на агендата за проширувањето. Ова е важно не само за земјата, туку е во интерес и на поширокиот регион и Европската Унија“, објасни еврокомесарот Фуле.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, од своја страна, побара да се сочува кредибилитетот на процесот на проширување преку овозможувањето напредок на Македонија. Во тој контекст пред еврокомесарот Фуле и шефот на данската дипломатија Вили Совндал побара отпочнување на пристапните преговори со унијата во најскоро време, како и премин во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
„Беше повикано на одбегнување на натамошно блокирање на натамошните интеграциски напори во оние организации кадешто Република Грција е земја-членка. Бидејќи сме целосно посветени на натамошно остварување на сите приоритети и целосна имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, очекуваме дека ќе бидеме во можност во најскоро време да ги отпочнеме преговорите за приклучување кон Европската Унија. Во овој период, воедно, сметаме дека треба да се работи на создавање на позитивна клима, на една конструктивна атмосфера во која соседите кои веќе членуваат во Европската Унија ќе бидат промотори и ќе ја поттикнат интеграцијата на сите земји-кандидати и потенцијални кандидати од регионот“, изјави Попоски.
На денешниот состанок, во рамки на македонската делегација учествуваше и вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи.
Советот за Советот за стабилизација и асоцијација, како највисока форма на институционална соработка меѓу двете страни, заседава на годишна основа, на ниво на министри за надворешни работи. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

